Над 500 странски војници загинаа годинава во Авганистан

Мисијата ИСАФ во Авганистан соопшти дека во борбите со милитантите загинал уште еден странски војник. Други детали нема. Годинава досега во Авганисатн загинаа над 500 странски војници. Жртвите се зголемија последниве месеци по зголемените операции против талибанците.