Германска медиумска награда за авторот на карикатурите на Мухамед

Данскиот автор на карикатурата на пророкот Мухамед која ги налути муслиманите во светот, е добитник на Медиумската награда во Германија – М 100. Курт Вестергард ја доби оваа награда поради ангажманот во слободата на медиумите и на мислењето, како и поради храброста да ги брани демократските вредности и покрај заканите со смрт. Говор на доделувањето на наградата во Потсдам ќе одржи канцеларот Ангела Меркел.