Активности на Јеремиќ и Тадиќ во врска со резолуцијата за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ ги продолжува разговорите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк со претставници на земјите- членки на светската организација. Разговорите се остваруваат во пресрет на утрешната расправа во Генералното Собрание на Обединетите нации за српската предлог- резолуција за Косово. Два дена пред расправата, синоќа српскиот претседател Борис Тадиќ во Брисел имаше состанок со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон, на кој е договорено дијалогот да го продолжат денеска.