Лидерката на стечајците сведочеше пред Анкетната комисија

Претседателката на Здружението на стечајци УНИТ, Лилјана Ѓорѓиевска, денеска сведочеше на седницата на Анкетната комисија во врска со Собранискиот инцидент од први јули.
Георгиевска рече дека стечајците не направиле никаков проблем, откако собранието не го прифати предлог-законот за обесштетување на стечајците.
По завршувањето на гласањето, стечајците кои ја следеа седницата од галеријата во собранието излегле надвор.
Георгиевска рече дека, пред Собранието, слушнала некој од полицајците што рекол: „Дај да ги иритираме за да може да ги натепаме“.