Убиен познат ирачки новинар

Убиен е познат ирачки телевизиски новинар додека возел низ Багдад. Новинарот Риад Ал Сарај работеше за телевизијата Ал Иракија. Познат е по тоа што се обидуваше да ги приближи шиитите и сунитите. Убиството го осуди и организацијата Репортери без граници.