Хамарберг: Интегрирајте ги Ромите-бегалци од Косово

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг побара од Македонија да ги интегрира Ромите-бегалци од Косово, кои не можат безбедно да се вратат дома. Најдобро е процесот на интеграција на крајот да води до добивање македонско државјанство, вели Хамарберг, во писмото испратено до премиерот Никола Груевски.
Во писмото се наведува дека во Македонија живеат околу 1500 раселени лица од Косово. Тие се во земјата повеќе од десет години, а во тоа време се родени и пораснати многу деца, вели тој.