Обраќање на Баросо во Европскиот парламент

Денеска во Стразбур ќе биде одржана пленарна седница на Европскиот парламент, на која се очекува на пратениците да им се обрати претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Според најавите, тој ќе говори за состојбите во земјите од Европската Унија. На седницата, меѓу другото, ќе стане збор и за положбата на Ромите во Европа.