Времето денеска сончево и тивко

Времето денеска ќе биде претежно сончево и тивко, локално ќе има мала до умерена облачност, како и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се движи од девет до 16, а дневната ќе биде од 24 до 31 степен.
Во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 28 степени.