Иран врши непријавени нуклеарни експерименти

Меѓународната агенција за атомска енергија, во најновиот извештај, го критикува Иран дека ја отежнува истрагата за нуклеарната програма, со тоа што не им дозволува влез во земјата на искусните инспектори на ОН. Извештајот се појави, откако Иран не им дозволи на двајца искусни инспектори да ги набљудуваат иранските нуклеарни активности, откако тие го обвинија Техеран дека извршува непријавени нуклеарни експерименти.