Кушнер сака да го спаси животот на осудена Иранка

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер изјави дека сака „да направи нешто“ да се спаси животот на Иранката, осудена на смрт поради прељуба. Тој денеска во Париз се сретна со нејзиниот адвокат.
Иран ја повлече одлуката, осудената да биде каменувана до смрт, но таа може да биде обесена. Нејзиниот син се плаши дека егзекуцијата ќе биде извршена неделава, по завршувањето на светиот месец Рамазан.