Локалните избори во Албанија на 8 мај

Локалните избори во Албанија ќе се одржат на 8 мај 2011 година.
Датумот на локалните избори во Албанија е закажан со указ на претседателот на Албанија, Бамир Топи. Ова се први избори, по спорните парламентарни избори од јуни минатата година кои ја доведоа земјата во политички ќорсокак. Опозицијата обвини за лажирани резултати и неколку месеци го бојкотираше парламентот.