Охридските бродови побарале „регистрација“

Сите сопственици на бродови во Охридското Езеро поднеле барања за добивање соодветен сертификат до овластената меѓународна групација Биро Веритас, која треба да изврши технички преглед на бродовите, соопшти охридската Капетанија.
Капетанијата очекува брзо завршување на постапките за сертифицирање на бродовите кои пловат во Охридското Езеро со што ќе се овозможи безбеден сообраќај во внатрешната пловидба, со технички проверени пловни објекти.