Блер може да не се појави на промоција на мемоарите во Лондон

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека може да го откаже планираниот јавен настап во Лондон неделава, по повод промоцијата на неговите мемоари, зашто тоа би можело да предизвика протести. Во мемоарите со наслов Патување, Блер цврсто ги брани одлуките што ги донел како премиер, меѓу кои и онаа за напад на Ирак. Антивоените демонстранти го гаѓаа Блер со чевли и со јајца за време на промоцијата на неговата книга во Даблин.