Затвор за германски тинејџери-силеџии

Двајца германски тинејџери денеска се осудени на затвор од 7 до 10 години поради тоа што претепале еден човек до смрт.
Двајцата тинејџери-насилници претепале до смрт 50-годишен човек, кој се обидел да заштити група деца што силеџиите ги малтретирале.
Случајот го следеа низа контроверзии, а поранешниот германски претседател Хорст Келер постхумно го одликуваше загинатиот со Крст за заслуги за граѓанска храброст.