Проширување на воената соработка Израел-Русија

Рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков и неговиот израелски колега Ехуд Барак, денеска во Москва, потпишаа договор за проширување на воената соработка меѓу двете земји.
До договорот доаѓа, откако претходно, Русија се согласи да им продаде оружје на израелските непријатели Иран и Сирија. Израелските медиуми јавуваат дека целта на дводневната посета на Барак на Москва е да ја спречи продажбата на руско оружје на Сирија.
Русија се уште не му го испорачала договореното оружје на Иран, поради притисоците од САД и од Израел.