Јеремиќ: не планираме повлекување на резолуцијата

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави дека Белград не планира да ја повлече резолуцијата за Косово што ја поднесе до Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, како што прецизира, резолуцијата не е цел, туку средство за остварување на целите на Србија. ,,Се водат интензивни разговори со меѓународните фактори, вклучувајќи ја и Европската унија. Ако се постигне договор тој може да биде спроведен и без повлекување на резолуцијата,, изјави Јеремиќ во синоќешното интервју за телевизијата Бе 92, додавајќи дека главни цели за Србија се преку нови преговори да се дојде до компромисно решение за Косово и членство во Европската унија.