Кина, САД: стабилни и усогласени односи

Членот на највисокото раководство на Куминистичката партија на Кина Ли Јуанчао денеска во Пекинг оцени дека односите на неговата земја со Соединетите држави се стабилни, но забележа дека во почетокот на годинава имало извесни тешкотии за кои лидерите на двете земји се заложија да ги надминат. Тој ова го изјави за време на средбата со американска делегација предводена од директорот на Националниот економски совет Лари Самерс и заменик советникот за национална безбедност Том Донилон. Разговорите во Пекинг главно се посветени на кинеската монетарна политика.