Бузек бара целосна истрага за смртта на белорускиот активист

Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек ја повика владата на Белорусија да спроведе целосна истрага за мистериозната смрт на истакнатиот опозициски активист Олег Бебенин. Тој беше пронајден обесен на неговиот имот во близина на Минск. Обвинителот изјави дека веројатно се работи за самоубиство. Сепак, колегите на Бебенин и активистите за човекови права ги отфрлија ваквите тврдења.