Поселт - Реакцијата на Црвенковски е неразбирлива, но не се лутам

Неразбирливо за мене е некој кој претходно бил лидер на држава да ослови на таков начин пријател на Македонија и човек кој се бори за Македонија веќе 15 години, изјави германскиот европратеник Бернд Поселт, по изјавите на Црвенковски дека е лажго тој што вели дека Македонија одбила покана за влез кога тој бил премиер. Поселт, сепак, рече дека не се чувствува навреден, бидејќи е пријател на Македонија, ја сака оваа земја, и не му е важно мислењето на поединци.
Тој, минатиот месец во Скопје, зборуваше дека во минатото се пропуштени шанси Македонија побргу да фати приклучок во евро-атланските процеси и го обвини лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски дека во Брисел дели критики за Македонија.
Црвенковски, пак, рече дека секој што тврди оти кога СДСМ бил на власт, им била дадена понуда за членство во НАТО и преговори со ЕУ под привремената референца, а тие ја одбиле, е ноторен лажго или тотален идиот.