Награди „Мајка Тереза“ за Фридман, Керим и Серафимовски

Американскиот славист Виктор Фридман, дипломатот Срѓан Керим и академик Томе Серафимовски се годинашните добитници на наградата „Послание за хуманост на Мајка Тереза“ што ја доделува граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. Наградите денеска, на денот на упокојувањето на Мајка Тереза, ги врачи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на свеченост во МАНУ, во рамките на одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза.
Добитник на наградата е и францускиот шансониер Шарл Азнавур, кому ова признание му е врачено за време на неговата посета на Скопје.