Авганистанците панично ги повлекуваат парите од Кабулската банка

Клиентите на Кабулската банка, најголемата приватна банка во Авганистан, и денеска создаваат редици пред подружниците чекајќи да си ги подигнат парите, по наводите за корупција што се појавија во американските весници. Дел од луѓето велат дека изгубиле доверба во банката, додека други велат дека само им требаат пари за Рамазан.