Судири меѓу полицијата и демонстранти во Нови Пазар

Тројца полицајци и неколкумина демонстранти се повредени денеска во српскиот град Нови Пазар, при судири меѓу полицијата и околу 1.000 демонстранти. Протестите беа организирани на повик на главниот муфтија на Србија, Муарем Зукорлиќ, кој ги обвини локалните власти на Нови Пазар дека узурпирале земја во сопственост на Исламската заедница.
Како што јавија српските медиуми, до судирите дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења кон полицајците кои го обезбедувале собирот.
Локалните власти најавија дека, на спорната локација, општината планира да гради детска градинка.