Промени во раководството на Роснефт

Рускиот претседател Дмитриј Медведев предложи смена на претседателот на најголемата нафтена компанија во земјата, Роснефт. На местото на досегашниот претседател Сергеј Богданчиков, веројатно ќе застане неговиот потпретседател Едуард Худаинатов.