Работењето на антикорупциската комисија не е загрозено, изјави Груевски

Работењето на антикорупциската комисија не е загрозено, рече премиерот Никола Груевски по обвинувањата од Комисија дека нема доволно средства за работа.
Груевски рече дека насокоро ќе се сретне со раководството на Антикорупциската комисија и нагласи дека Комисијата сега има 50 отсто поголем буџет отколку во времето на СДСМ.