Тројца Македонци добија стипендија за на Кембриџ

Тројца студенти од Македонија ќе ги продолжат своите студии на Кембриџ со стипендија што ја обезбедува Фондот на овој универзитет заедно со Фондацијата Пексим.
Вкупната сума за стипендирање на овие студенти, како што беше објавено на денешното додолеување на стипендиите и потпишувањето на Договорот за соработка меѓу Фондацијата Пексим и Фондот на Кембриџ за стипендирање на студенти од земји кои не се членки на ЕУ, е 145.000 евра. Обврска на стипендистите е по завршувањето на студирањето да се вратат во Македонија и во земјата да работат две години за една година стипендирање.