Србија сака да го реши косовското прашање заедно со ЕУ

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека Србија „сака да го реши прашањето за Косово во договор со европските партнери, заштитувајќи ги своите легитимни интереси со цел европска перспектива не само на Србија, туку и на албанскиот народ“.
Тадиќ ова го рече синоќа во Нова Горица, каде што разговараше со словенечкиот премиер Борут Пахор.
Тој, пак, рече дека во интерес на Србија и на меѓународната заедница е текстот на резолуцијата за Косово да биде прифатлив за Србија и за сите членки на ЕУ.