Кастро повторно во униформа

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро се појави денеска во јавноста во воена униформа, за прв пат откако пред четири години се повлече од функцијата. Униформата, според Асошиетед прес, ги оживела шпекулациите за настојувањето на 84 годишниот Кастро да добие поголема улога во кубанската политика откако власта му ја препушти на неговиот помлад брат Раул. Кастро денеска одржа говор пред студентите на Универзитетот во Хавана. Тој притоа изјави дека светот е на работ на нуклеарна војна поради тензичните односи на Соединетите држави и Израел со Иран.