Министрите го информираа Претседателот Иванов за реформите

Реформите во правосудството и администрацијата, претпристапната економска програма, хармонизацијата на македонското со европското законодавство, биле дел од темите на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и министерот за правда Михајло Маневски.
Владините претставници го информирале Иванов за реформите во повеќето области пред неговото заминување за Брисел каде што ќе има средба со клучните ЕУ претставници, а во пресрте на објавувањето на годишниот извештај на ЕК за Македонија.
„Сигурни сме дека претседателот Иванов со својата посета на Брисел ќе го даде својот придонес за пообјективно претставување на состојбите во Македонија и ќе се вклучи во лобирањето за добивање добар извештај и за почнување на претпристапните преговори“, изјави вицепремиерот Наумовски по средбата.