Зголемен трговскиот дефицит на Албанија

Трговскиот дефицит на Албанија во јули изнесувал над 220 милиони евра што е пораст од 27,5 насто споредено со јуни годинава, односно 14,5 отсто споредено со ланскиот јули.
Тоа, според Алма Мара од државниот Институт за статистика, е последица на видно зголемиот увоз наспроти извозот, јави МИА. Албанија, 65,6 отсто од трговската размена ја остварува со земјите од Европската Унија.