Обама најави конференција за печатот

Американскиот претседател Барак Обама на 10 септември ќе одржи прес конференција посветена на економски теми и на тоа што неговата влада презема во таа област, соопшти Белата Куќа. Обама често е цел на критики затоа што ретко држи прес конференции и што со јавноста комуницира преку интервјуа за одредени медиуми. Последен пат Обама одржа прес конферeнција во Белата Куќа во мај кога зборуваше за нафтената дамка во Мексиканскиот залив.