Се уште без официјални податоци за тројното убиство во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи засега не го соопштуваат идентитетот на тројцата убиени во вчерашниот инцидент во скопската населба Аеродром. Од таму информираат дека имале осомничено лице со кое се разговарало. Инаку, се шпекулира дека еден од убиените бил вработен во МВР, а останатите двајца работеле како обезбедување. Тројното убиство се случи пред 20 часот во ресторанот ,,Биг Фиш,, во близина на трговскиот центар ,,Три Бисери,, кога едно лице од автоматска пушка отворило оган кон тројцата мажи што седеле на маса во ресторанот. Едниот од нив загинал на самото место, а двете потоа во Ургентниот центар им подлегнале на повредите.