Нови пожари во Русија, најмалку петмина загинати

Руското министерство за вонредни состојби денеска соопшти дека најмалку 5 лица загинале, а неколку десетици биле ранети во новите шумски пожари што избувнаа во јужниот дел на Русија. Се додава дека во регионите на Волгоград и на Саратов биле уништени околу петстотини куќи. Повеќе од 50 лица загинаа, а илјадници останаа без дом во пожарите што ова лето зафатија големи делови на Русија поради невообичаеното топло време.