Експлозија во полициска станица во Таџикистан

Во една полицска станица во северниот дел на Таџикстан, според полициски извори, бомбаш самоубиец активирал автомобил бомба при што имало најмалку еден загинат, а дваесетина други биле ранети. До ова дојде ден откако шефот на државата Имомали Рахмон го отпушти целото раководство на безбедносните служби поради бегството на 25 затвореници кои биле осудени за подготвовување државен удар. При бегството тие убиле петмина стражари. Повеќето од затворениците се уште се во бегство.