Гејтс: Борбата против корупцијата мора да ја водат Авганистанците

Авганистанците ќе мора сами да се борат против корупцијата изјави американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на заедничка прес конфернција со авганистанкиот претседтаел Хамид Карзаи . Гејтс додаде дека Соединетите Американски држави сега бараат нов начин да го спречат поттикнувањето на таа појава со американските средства, односно америкаснкиот амбасадор во Авганистан и командантот на НАТО сега прават нови упстава за распределба на парите кои се наменети за развој на земјата. Карзаи изјави дека ќе работи на искоренување на корупцијата која како што вели ја поткопува довербата во неговата влада и гоотежнува одржувањето на меѓународната поддршка.