Конфискувани 15-20 милиони евра нелегално стекнат имот

Државата конфискува имот стекнат на нелегален начин во вредност од 15 до 20 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција министерот за правда Михајло Маневски. Одземени се станови, деловни објекти, хартии од вредност и акции во неколку банки низ државава. Конфискацијата е спроведена бидејќи лицата кои се осудени за кривично дело перење на пари и злоупотреба на службена должност, не го вратиле нелегално стекнатиот имот.
Српските власти, пак, соопштија дека во Србија е конфискуван имот во вредност од 256 милиони долари.