Двајца полицајци убиени на Северен Кавказ

Двајца полицајци се убиени во одделни инциденти на Северен Кавказ, соопштуваат руските власти. Во главниот град на Дагестан, Махачкала, бил дигнат во воздух автомобил на офицер на Федералната служба за безбедност. Полицијата го убила напаѓачот при обид за апсење.
Во Ингушетија, пак, напаѓачи упаднале во домот на полициски службеник – него го убиле, а ја раниле неговата сопруга.