Роберт Гејтс во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска пристигна во Кабул каде што треба да се сретне со командантот на НАТО-силите во Авганистан, генералот Дејвид Петреус и со претседателот Хамид Карзаи.
Гејтс пристигна од Багдад, каде што присуствуваше на церемонијата за официјално одбележување на крајот на американските борбени дејствија во Ирак.