Ахмадинеџад во Катар

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад в недела ќе го посети Катар. Иранскиот амбасадор во Доха најави дека Ахмадинеџад ќе се сретне со катарскиот емир Шеик Хамад Бин Калифа Ал-Тани и ќе разговара за блискоисточни прашања и за справувањето со поплавите во Пакистан. Катар е најблизок сојузник на Иран меѓу арапските земји во Персискиот Залив.