Во Таџикистан отпуштена речиси целата безбедносна служба.

Претседателот на Таџикистан Имомали Рахманов го отпушти речиси целото раководство на безбедносната служба откако од затворот во Душанбе минатата недела избегаа 25 лица убивајки 5 чувари. Тие се уште се на слобода а меѓу избеганите има лица кои учествувале во организирање државен удар.