Пакистанските талибани на терористичката листата на САД

САД формално ја додадоа пакистанската организација на талибанците на листата терористички организации за кои важат правилата за финансиски санкции и патувања. Оваа група ја презеде одговорноста за неуспешниот заговор за напад со бомба на Тајмс Сквер во Њујорк. На американската листа има 47 терористички организации, на британската 46, а на руската 17 организации.