Забрана за ноќна продажба на жесток алкохол во Москва

Московските градски власти објавија дека од денеска е забранета продажбата на пијалоци кои содржат повеќе од 15 отсто алкохол, во периодот од 22 часот до 10 часот наутро. Забраната не опфаќа стандардни пива и вина, туку само жестоки пијалоци.
Тоа е дел антиалкохоличарската кампања на претседателот Дмитриј Медведев, кој го опиша алкохолизмот како национална катастрофа за Русија. Забраната нема да се однесува на кафулињата и рестораните.
Според едно истражување, секоја година во Русија умираат 3000 луѓе од труење со алкохол.