Бугарски референдум против приемот на Турција во ЕУ?

Комисијата за правни прашања на бугарското Собрание денеска ја разгледува иницијативата за распишување референдум против приемот на Турција во Европската унија.
Иницијативата е покрената од националистичката вонпарламентарна партија ВМРО-БНД и телевизијата Скат, а ја потпишале и околу 330.000 бугарски државјани.
Во рок од три месеци Собранието треба да оддржи расправа на која ќе биде донесена одлука за евентуално распишување на референдумот.