Воздушни напади во Пакистан, десетици загинати

Во денешните воздушни напади на пакистанската армија врз засолништа на милитантите во северозападниот дел на земјата загинале над пеесет луѓе. Агенциите јавуваат дека меѓу убиените имало и цивили. Пакистанската армија ги интензивира нападите во делот на земјата што се граничи со Авганистан за кој се верува дека е упориште на талибанците.