Седници на комисиите за здравство и за европски прашања

Во Собранието на Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство и за европски прашања.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлозите на законите за заштита на конкуренцијата, за државната помош и за безбедност на храната на животните. Комисијата за здравство треба да ги разгледува амандманите за Предлог на законот за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.