Потпретседателот на САД во посета на Ирак

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден престојува во посета на Ирак, по повод завршувањето на мисијата на борбените единици на САД во таа земја. Бајден денеска ќе присуствува на свеченоста со која американската војска ја одбележува новата етапа на присуството во Ирак, наречена „Нова зора“.