Почнува 67-от филмски фестивал во Венеција

Со прикажување на американскиот филм „Црниот лебед“ денеска почнува 67- от филмски фестивал во Венеција. За наградата „Златен лав“ ќе се натпреваруваат 24 филмови. Популарната Мостра, најстариот филмски фестивал на светот, ќе трае до 11 септември.