Руската полиција апси опозициони демонстранти во Москва

Руската опозиција и активистите за човекови права денеска одржуваат протести во Москва, Ст.Петерсбург и други градови како и секој последен ден во месецот за да го насочат вниманието врз член 31 од уставот на Русија, со кои се гарантира слободата на здружување. Властите не ги дозволуваат овие демонстрации и полицијата уапсила десетици лица во Москва на митинг на кој присуствувале и неколку пратеници од Европскиот Парламент.