Комунални проблеми во Битола

Со проширувањето на Битола настануваат комунални проблеми

Нови населби, нови згради никнуваат и во Битола каде во месноста „Недопирливи“ се појавија комунални проблеми. И додека локалната власт се фали, жителите од овој дел од градот се гушат во фекалии.
Со проширувањето на градот настануваат комунални проблеми. Еден таков поалармантен проблем се случува во месноста Недопирливи каде со изградбата на соседната населба Стрчин, куќите при секој дожд се поплавуваат со канализациски води.

,,Огромни се штетите по нашите имоти и по нашето здравје со оглед на тоа дека се поплавуваме со фекална вода која буквално извира од нашите домови. Секој пороен дожд макар и петминутен, предизвикува преполнување на одводот, по што седува поплава. Не знаеме на кој
Не знаеме на кој начин се приклучени објектите од Стрчин на нашата одводна мрежа која очигледно не е доволна да ги задоволи потребите на двете населби
начин се приклучени објектите од Стрчин на нашата одводна мрежа која очигледно не е доволна да ги задоволи потребите на двете населби."
Споменик на Филип втори во Битола

ја пренесе реакцијата на жителите советничката Наташа Струмениковска од СДСМ. Опозицијата обвини дека локалната власт во своите извештаи се пофалила дека поставила атмосферска канализација за новата населба, а на терен се гледа проблемот во изминатите три години никако да се реши.

,,Пишувате нова атмосферска канализација за населбата Стрчин. Со проектот се постави атмосферска канализација во должина од 400 метри и три атмосферски решетки. Ако тоа се направило, се прашувам каде е пропустот."
Но, ако се појавувало при големите дождови повторно, очигледно дека тој зафат не е доволен и дека треба да се направи уште некој зафат


праша Струмениковска.
Градоначалникот Владимир Талески со објаснување дека ја одделиле атмосферската од фекалната канализација, но одводниот ситем нема капацитет да ги собере фекалните води од двете населби.

,,Во минатото ова било ставено во едно. Капацитетот на канализацијата која е поставена, како што растеле населбите, тој пречник на канализацијата станува претесен за да ја прифати целата работа. Ние направивем одделување на атмосферската од феклната канализација со што се направи растеретување. Но, ако се појавувало при големите дождови повторно, очигледно дека тој зафат не е доволен и дека треба да се направи уште некој зафат."

вели Талески.