Шефот на британската дипломатија Хејг во Белград

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг денеска во Белград се сретна со претседателот на Србија Борис Тадиќ, а во текот на денов тој треба да разговара, меѓу другите, и со премиерот Мирко Цветковиќ и со шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ. Хејг е втор министер за надворешни работи од земјите членки на Европската унија кој во текот на една недела престојува во Белград. Претходно шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле побара од Србија пофлексибилна политика спрема Косово.