Валенса: Солидарност да не се меша во политика

Поранешниот легендарен лидер на полските синдикати Солидарност, а подоцна и претседател на Полска Лех Валенса побара синдикатите да не се мешаат во политика и да почнат да ги штитат правата на работниците. Валенса го бојкотира тридневното одбележување на 30 годишнината од работничките протести во Полска кои беа предвесник на паѓањето на комунизмот во Источна Европа.